Марио Балотели се враќа во Серија А?

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели бил на разговор со раководството на Парма околу потенцијален трансфер во клубот, пренесува „Газета дело Спорт“. Договорот со францускиот Олимпик Марсеј на Балотели му истекува на 30 јуни, што значи дека по тој датум ќе биде слободен играч и ќе може да потпише за друг клуб без отштета.

На состанокот Балотели од Парма побарал годишна плата од четири милиони евра и дека не би прифатил да игра за помала сума. Неодамна во едно интервју тој изјави дека би сакал да игра во тим како Парма, бидејќи е чест да се бранат боите на еден од италијанските великани.

Се вчитува...