Марио Балотели соиграч на Елмас во Фенербахче!?

Италијанскиот фудбалер Марио Балители кариерата ја продолжува во Турција, во редовите на истанбулскиот гигант Фенербахче!?

Како што пренесуваат турските медиуми, 27-годишниот напаѓач е пред договор со Фенербахче кој сезонава се наоѓа во исклучително тешка ситуација. Турците се во потрага по офанзивец па решение гледаат во контроверзниот Балотели.

Италијанецот е достапен на пазарот, со оглед на фактот дека Ница, поради неговиот карактер, го продава за само 1.500.000 евра. Па, токму затоа се чини лесен ќе биде договорот со Фенербахче каде игра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Претходно како идна можна дестинација на Балотели се спомнуваше и Фиорентина. „Супер Марио“ оваа сезона е очаен, без ниту еден постигнат гол поради што тимот информираше дека од јануари нема да смета на него.

Се вчитува...