Марио Геце изненади со името на новиот клуб

Марио Геце изненади многумина со одлуката каде ќе ја продолжи кариерата, откако поранешниот германски суперталент реши да се пресели во Холандија и да го облече дресот на ПСВ Ајндховен.

Херојот на Германија од финалето на СП 2014 бележи огромен пад во кариерата, во минатата сезона речиси и да не доби шанса во Борусија Дортмунд, па не беше изненадување кога „милионерите“ не му понудија нов договор. Геце беше поврзуван со камбек во Баерн, но кога пропадна и таа опција тој одби две понуди од Германија и една од Италија за да прифати нов предизвик во кариерата, селејќи се во холандскиот шампионат.

Германецот е третото засилување што ПСВ Ајндховен го доведе во текот на денешниот ден, по позајмиците на Марк ван Гинкел од Челси и младиот и талентиран плејмејкер на Баерн Минхен, Адријан Фајн.

Се вчитува...