Марио Геце се сели во Италија?

Марио Геце не е задоволен од шансата што ја добива во Борусија Дортмунд (19 средби сезонава), ниту „милионерите“ не се задоволни од неговите настапи на теренот (само три гола), па разделбата меѓу овој бундеслигаш и поранешниот германски репрезентативец е повеќе од сигурна.

Договорот што Геце го има со Борусија истекува на крајот од сезонава, а клубот од Дортмунд не ни помислува да ја продолжи соработката со напаѓачот. „Милионерите“ се задоволни од напаѓачките опции во своите редови, размислуваат и за дополнителни засилувања, што е доволна причина за Геце да ги разгледува останатите опции. Баер Леверкузен јавно демантираше дека е заинтересиран за овој фудбалер, а според последните информации се очекува Германецот кариерата да ја продолжи на Апенинскиот полуостров.

Доколку се реализира најавата Ралф Рангник да стане нов тренер на Милан, токму овој напаѓач ќе биде едно од првите засилувања на „росонерите“ за следното лето. Како опција се споменува и Рома, а понуда ќе испрати и Наполи, со оглед на фактот дека тимот на Елмас летово ќе остане без Калјехон и Милик, па ќе мора да ангажира најмалку еден нов голгетер.

Променливата форма значи и ризик, но ако се знае дека за неговиот трансфер нема да мора да се плати отштета, вреди да се ризикува со фудбалерот кој во 2014 година го постигна победничкиот гол во мундијалското финале меѓу Германија и Аргентина.

Се вчитува...