Марио Ѓуровски ја заврши фудбалската кариера

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски (34) одлучи да стави крај на кариерата. Тој во изминатите седум години настапуваше на Тајланд, а негов последен клуб е Муангтонг Јунајтед, каде во 2012 и ја почна тајландската одисеја. Играше и за Бангкок глас и за Бангкок јунајтед, како и за украинскиот Металург Доњецк, српските клубови Војводина и Бежанија.

Марио Ѓуровски за репрезентацијата на Македонија настапуваше во периодот од 2010 до 2012 година, одигра 12 натпревари и постигна два гола.

Се вчитува...