Марио Хезоња заминува од Панатинаикос

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња по пет години поминати во НБА лигата се врати на европско тло каде го засили грчки Панатаинаикос, меѓутоа и покрај желбата на тимот и играчот да продолжат заедно во новата сезона тоа нема да се случи.

Како причина за истото се јавува проблемот со откупување на европските прва за 26-годишниот Хрват кои и припаѓаат на Барселона. Имено, грчкиот тим барал сумата од 400 илјади евра да ја плати Хезоња, нешто што не му се допаднало на поранешниот играч на каталонците.

Хезоња за атинскиот клуб во осум одиграни средби во Евролигата бележеше просек 14.4 поени и 2.5 скока, a беше и еден од најдобрите играчи на „зелените“ во походот кон титула во грчкото првенство со 12.4 поени и 3.0 скока по натпревар.

Се вчитува...