Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марио Илиевски со погодок партиципираше во победата од 0-3 на Кишварда на гостувањето против нисколигашот Кизакечке во осминафиналето од Купот на Унгарија.
Кишварда без никаков проблем дојде до победата која беше најавена со два гола на Маковски, за да Марио Илевски стрела ефектно под гредата од голот на противникот во 66. минута за конечни 0-3.
ГОЛОТ НА МАРИО ИЛИЕВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА