Марио Илиевски стрелец во победата на Кишварда

Македонскиот младински репрезентативец Марио Илиевски, денеска постигна еден од головите за својот тим Кишварда, во победата над Мезоковешд од 4-2. Илиевски, кој беше стартер, го постигна третиот гол за својот тим и донесе предност во тие моменти од 3-1. Сето тоа се случуваше во 49. минута од мечот.

Илиевски во 75. минута го напушти теренот. Стартер за домашниот тим беше и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Јасир Асани кој излезе во 79. минута.

За гостинскиот тим Ремзифаик Селмани остана на клупата за резерви и не доби шанса.

Се вчитува...