Марио Крстовски продолжува во Леотар Требиње (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Марио Крстовски својата кариера ја продолжува во редовите на прволигашот од БиХ, Леотар Требиње.

22-годишниот Крстовски кој е член на Зрињски, сега до крајот на сезоната како позајмен фудбалер се сели во редовите на Леотар. Изминатава есен, исто така како позајмен фудбалер, ја мина во редовите на Македонија ЃП.

Крстовски во македонскиот шампионат претходно настапуваше за Академија Пандев, Турново и Работнички.

Се вчитува...