Марио Манџукиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ би можел летово да се врати во италијанската Серија А. Хрватот се поврзува со трансфер во Рома, а контактите со клубот се веќе остварени, пренесуваат медиумите на Апенините.

Манџукиќ на „Олимпико“ треба да биде замена за Един Џеко кој би требало да ја напушти „волчицата“ во следните неколку дена. Хрватскиот напаѓач ќе потпише двогодишен договор во кој годишно ќе заработува по четири милиони плус бонуси.

 

Се вчитува...