Марио Ричков е ново засилување за Силекс

ФК Силекс официјално го промовираше Марио Ричков како свое најново засилување за натпреварувачката сезона 2026/27.

Кратовскиот прволигаш продолжува со активниот ремонт на тимот, обезбедувајќи го потписот на еден од најперспективните дефанзивци во домашниот шампионат. Станува збор за 22-годишниот фудбалер кој пристигнува од редовите на Македонија Ѓорче Петров, каде што се истакна со своите одлични партии во одбраната.

Ричков зад себе веќе има завидно искуство на домашната фудбалска сцена. Во својата досегашна кариера, тој ги бранеше боите на неколку реномирани македонски клубови, вклучувајќи ги Вардар и Шкупи.

Се вчитува...