Марјан Илиевски си замина од Раховеци

Марјан Илиевски од денеска повеќе не е тренер на Раховеци откако македонскиот стратег реши самиот да си поднесе оставка од функцијата и покрај одличните резултати што ги бележеше со косовскиот клуб.

Македонскиот стручњак замина на чело на оваа екипа откако проектот АВ Охрид неочекувано се распадна пред самиот почеток на сезоната во Првата лига. Илиевски успеа да го извлече максимумот од Раховеци, долго време се наоѓаше на чело на табелата во косовското првенство, моментно Раховеци е второпласиран со само една победа помалку од Причтина, но македонскиот стратег сепак реши да се повлече.

„Заминување е од приватни причини, поради кои сакав да се вратам назад во Македонија. Во Раховеци создадов силна екипа способна да се бори за највисок пласман, но поради сплет на околности си заминувам, оставајќи зад себе квалитетн тим, но и амбициозна управа со која секогаш беспрекорно соработував. Сакам да му порачам на мојот довчерашен тим многу среќа во настапите до крајот на сезонава“, изјави Илиевски.

Марјан Илиевски минатата сезона ја мина на клупата на Блокотехна, клуб со кој го освои трофејот во БИБЛ, воедно и стигна до финалето во Купот на Македонија.

Се вчитува...