Марјан Младеновски суди на Европското футсал првенство до 19 години во Шпанија

Македонскиот интернационален судија Марјан Младеновски е делител на правдата на Европското футсал првенство до 19 години кое се одржува во Шпанија.

Огромно признание за еден од најдобрите македонски судии кој денеска од 16 часот ќе го суди натпреварот меѓу Полска и Португалија од Групата Б во Хаен.

Младеновски ќе го суди натпреварот заедно со Англичанецот Питер Н’рс и Шпанецот Хавиер Морено.

Се вчитува...