Марјан Ристовски трет играч кој го напушти Вардар

Крилниот фудбалер на Вардар, Марјан Ристовски повеќе не е дел од клубот. Играчот кој дојде на почетокот на оваа година од Силекс, одигра 15 натпревари, и беше еден од најзаслужните за опстанокот на екипата.

Ристовски во минатото беше дел и од Борец и Работнички.

„Марјан Ристовски повеќе не е дел од ФК Вардар. За нашата екипа одигра вкупно 15 натпревари. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за севкупниот ангажман во црвено-црниот дрес и воедно му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата.“, стои во објавата на Вардар.

Претходно од Вардар си замина и Кеба Кебел Сусо како и Дарко Глишиќ. Глишиќ кариерата ќе ја продолжи во Гостивар.

Се вчитува...