Марјановиќ: „Јас и Дончиќ сме како глупавиот и поглупавиот…“

Србинот Бобан Марјановиќ, зборувајќи за својот однос со словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со кого се неразделни, вели дека тие двајца се како „Глупавиот и поглупавиот“, алудирајќи на двоецот од истомената комедија.

Марјановиќ, кој е ден од омилените ликови во НБА, не крие дека Лука го сака како брат…

„Ние сме како глупавиот и поглупавиот, а вие може да погодите кој е кој. Шега на страна. Ние навистина одлично се забавуваме заедно. Кога ќе ги погледнете нашите снимки, вие ќе помислите дека 24 часа такви. Мора да кажам дека со нетрпение чекаме да се видиме, ние сме деца во срцето и го сакаме тоа што го работиме“ – вели Марјановиќ.

Се вчитува...