Марјановиќ ќе му биде соиграч на Лука Дончиќ во Далас

Српскиот центар Бобан Марјановиќ и во иднина останува во НБА лигата, но менувајќи го дресот во кој ќе настапува. Во следните две сезони 221 сантиметар високиот Србин ќе биде друштво за Словенецот Лука Дончиќ во Далас.

Марјановиќ потпиша двегодишен договор со Далас вреден 7 милиони долари, само два дена откако стана слободен агент.

Далас ќе биде петтиот тим во кој ќе игра српскиот кошаркар во НБА лигата, по Сан Антонио, Детроит, ЛА Клиперс и Филаделфија.

Се вчитува...