Марк Дењо е најдобар тренер на сезоната во НБА лигата

Тренерот на Оклахома Сити Тандер, Марк Дењо е прогласен за најдобар тренер на регуларниот дел од сезоната 2023/24 на НБА лигата.

Триесетидеветгодишникот кој е четврта година на клупата на франшизата од Западната конференција го предводеше својот тим до првото место на табелата со скор од 57 победи и 25 порази, а е и на добар пат да се пласира во конференциското полуфинале со оглед на тоа што неговиот тим има предност од 3-0 во серијата со Њу Орлеанс.

Второто место му припадна на тренерот на Орландо, Јамал Мозли, додека третото место го освои тренерот на Минесота, Крис Финч.

Се вчитува...