Марк Гасол раскина со ЛА лејкерс, се враќа „дома“

Марк Гасол е на добар пат да ги следи стапките на својот брат Пау и да ја заврши авантурата во НБА-лигата со камбек во редовите на Барселона.

Искусниот центар од денеска и официјално не е член на ЛА Лејкерс, откако „езерџиите“ се договорија да го испратат во Мемфис гризлис, заедно со него откажувајќи се и од неколку избори на драфтот во наредните години. Со овој „трејд“ ЛА Лејкерс заштеди 10 милиони долари на име плата што требаше да му ја исплати на Шпанецот.

Тој не планира долго да остане во Мемфис бидејќи веќе се почнати преговорите за раскин на договорот со „гризлите“. За Гасол постои само една опција – враќање назад „дома“ во Барселона, за што веќе има постигнато и начелен договор со раководството на каталонскиот гигант. Според шпанските медиуми, се чека само на официјален раскин на договорот со Мемфис за дефинитивен крај на НБА-кариерата и потпис со Барса.

Се вчитува...