Голем број на натпревари во најголемите фудбалски натпреварувања во Европа беа одиграни без публика, а голем дел од националните првенства се суспендирани. Денеска пристигна информација дека покрај Серија А и во Шпанија нема да се играат натпревари од Ла лига.
Вистинското прашање е како би се играле натпреварите во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид и Јувентус и О. Лион, бидејќи играчите од клубовите се во изолација поради коронавирусот.
Шпанска Марка пренесува дека денеска и официјално УЕФА ќе ги суспендира Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Доколку се случи тоа останува прашање кога натпреварувањето ќе биде продолжено и како ќе влијае на самиот календар на натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА