„Марка“: ПСЖ кажа „ДА“- Мбапе утре потпишува за Реал

Мадридскиот весник „Марка“ вечерва излезе со информација – ПСЖ ја прифатил понудата на Реал Мадрид за Килијан Мбапе, по што францускиот голгетер веќе утре би можел да пристигне на лекарски прегледи и потпис во шпанската метропола.

„Кралевите“ денеска испратија нова понуда до ПСЖ во вкупна вредност од 180 милиони евра. ПСЖ не сака да се раздели од Мбапе, но фудбалерот јасно му ставил до знаење на директорот Леонардо дека нема намера да потпише нов договор, а доколку не му биде дозволено да си замине летово, догодина како слободен играч ќе потпише за Реал. Во една таква ситуација, „светците“ се принудени на разумно размислување и прифаќање на понудата на „кралевите“, за која Флорентино Перез порачал дека е „земи или остави“ до својот колега Насер ал Келаифи.

Мбапе не ја крие желбата што поскоро да се пресели во Мадрид, а ПСЖ сака што поскоро да ја комплетира продажбата за да има доволно време да донесе адекватна замена. Според француските медиуми, тоа нема да биде Кристијано Роналдо, туку Бразилецот Ришарлисон од Евертон.

Се вчитува...