Марка: Трансферот на Димитриевски во Валенсија може да го расипат богаташите од Саудиска Арабија

Македонскиот голман Столе Димитриевски има договор со Валенсија, и се чека само тимот од „Месталја“ да го продаде Георги Мамардашвили, за да се реализира овој трансфер. Меѓутоа „Марка“ денеска носи нова информација во врска со преминот на Македонецот во шпанскиот тим.

Еден од најпрестижните медиуми во Шпанија пренесува дека понуда од Саудиска Арабија би можела да го расипе трансферот на Димитриевски. Понудата наводно била одлична од финансиска природа, и далеку подобра од онаа на Валенсија, па затоа тоа може да ги расипе плановите на „лилјаците“.

Димитриевски и пред некоја година беше цел на тим од Саудиска Арабија, но на крајот Рајо не го пушти да си замине.

Се вчитува...