Роналдињо ги шокираше сите со објавата дека е подготвен на 46-годишна возраст да му се врати на фудбалот, и тоа во италијанскиот третолигаш Равена.
Веста беше потврдена и од самиот фудбалер и од газдата на Равена, но 48 часа подоцна стигнуваат повеќе детали кои јасно ставаат до знаење дека овој потпис многу повеќе е маркетинг, отколку вистински фудбалски потег.
Имено, Роналдињо навистина ќе потпише за Равена и ќе биде вклучен во играчкиот ростер на овој клуб, но однапред се знае дека тој воопшто нема да патува со тимот на ниту една гостување наредната сезона. Бразилскиот ветеран повремено ќе тренира со првата екипа, а потписот значи дека тој ќе одигра најмалку еден натпревар за Равена во Серија Ц, и тоа најверојатно влегувајќи во игра во второто полувреме (во зависност од неговата физичка подготвеност).
Овој потег се опишува како гест на Роналдињо кон својот пријател Игнацио Чиприани, кој е сопственик на Равена. За возврат, Чиприани ќе му додели на легендарниот Бразилец акции во клубот, со што Роналдињо ќе стане малцински акционер во овој италијански третолигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
