Маркез со неверојатен маневар избегна пад, па стигна до четвртата титула!

Марк Маркез стигна до својата четврта титула во Мото ГП шампионатот, откако во вистински драматична трка во Валенсија стигна до третото место и уште еден пиедестал во кариерата.

На Маркез му беше доволно и 11-то место од денешната последна трка за да стигне до титулата, но ниту најмалку не калкулираше поради што во еден момент се доведе во ситуација пред пад, која ја избегна со неверојатен маневар…

За Маркез ова е шестта титула во сите категории. Во Валенсија денеска победа неговиот тимски колега Педроса кој во последниот круг од трката го мина Зарко.

На крајот во генералниот пласман, Маркез до титулата стигна со 298 бода, пред Андреа Довициозо со 261, и Маверик Винјалес на Јамаха со 230 бода.

Се вчитува...