Маркињос ги ’олади’ Барса и Реал: Нејмар нема да си оди од ПСЖ

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Маркињос, им порача на шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид да се ’оладат’ од Нејмар, затоа што неговиот сонародник нема да си замине од „Паркот на принцовите“. Тој вели дека претседателот Насер Ал – Келаифи нема да дозволи Нејмар да го напушти Париз.

„Би им посакал многу среќа на Реал Мадрид и на Барселона во обидот да го купат Нејмар. Но, знам дека тоа нема да се случи затоа што Неј нема да си замине. Мислам дека луѓето не го познаваат претседателот Насер Ал – Келаифи. Тој нема да дозволи Нејмар да го напушти Париз. Од друга страна, знам дека тој се чувствува одлично во овој град и дека е среќен што игра за ПСЖ“, изјави Маркињос.

Нејмар е трансферна цел на Реал Мадрид, а каталонските медиуми најавуваат дека тој има желба да се врати на „Камп Ноу“ и да биде наследник на Лионел Меси во дресот на Барселона.

Се вчитува...