Маркињос: Не можеме да победуваме бескрајно долго…

Пари Сен Жермен имаше 14 последовни победи во француското фудбалско првенство, но синоќа налета на мина во Бордо. „Светците“ за првпат ремизираа во новата сезона, но тоа и не го сфатија трагично. Дефанзивецот Маркињос истакна дека противникот заслужил да не загуби, а ПСЖ не може вечно да победува.

„Игравме добро, имавме водство, но Бордо успеа да израмни. Домаќинот играше со огромна желба, ние можеби и малку ја загубивме реалноста, но не можеме да победуваме бескрајно долго. Сега треба веднаш да се фокусираме на следните предизвици“, изјави Маркињос.

Пари Сен Жермен веќе в среда го очекува ново гостување и дуел против Стразбур во 16.коло од првенството на Франција.

 

Се вчитува...