Маркињос после поразот од Монако: Катастрофа, мораме брзо да излеземе од ситуацијата

ПСЖ денеска претрпе неочекуван пораз од Монако со убедливи 3-0 во францускиот шампионат. Парижаните иако беа големи фаворити, на крајот беа поразени, а поразот го коментираше и стоперот Маркињос.

„Катастрофа! Ова е тешко да се прифати. Нашиот најлош натпревар сезонава“, рече Маркињос.

Дефанзивецот потенцираше дека и натаму се чувствуваат последиците од поразот од ПСЖ.

„Имаме тежок период. Мораме да најдеме излез од оваа ситуација. Очекувањата од дуелот со Реал Мадрид беа големи. Поразот боли, но сега имаме други предизвици кои мора да ги решиме. Ако играме како денеска, тогаш и шампиоантот ќе биде доведен во прашање“, рече стоперот.

Се вчитува...