Маркињос потпишува нов договор со Пари Сен Жермен

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Бразилецот Маркињос се договорил за нов договор со клубот, пренесува „Л’Екип“. Бразилскиот репрезентативец ќе ја продолжи верноста кон клубот до 2027 година.

Маркињос е во ПСЖ од 2013 година, кога дојде од Рома. Централниот дефанзивец веќе 10 сезони го носи дресот на парижаните и е прв капитен на тимот. Претседателот на францускиот гигант, Насер Ал-Келаифи се надева дека Маркињос кариерата ќе ја заврши на „Паркот на принцовите“.

Во тековната сезона, 28-годишниот дефанзивец одигра 21 натпревар и постигна два гола во Лига 1.

Се вчитува...