Маркињос: Сега е само време да си ги изедеме сопствените г.мна!

ПСЖ и Манчестер јунајтед ја одиграа синоќа една од најшокантните средби во Лигата на шампионите оваа сезона. На крајот Англичаните продолжуваат понатаму по триумфот од 1-3 на гостински терен, иако по првиот натпревар имаа негатива од 0-2.

Посебно лут по натпреварот беше дефанзивецот на ПСЖ, Бразилецот Маркињос…

„Начинот на кој го одигравме натпреварот е катастрофален. Мора сите заедно да размислиме. Ова е тежок момент. Сега се е завршено и залудно е што и да се каже. Мислам дека ова не е момент многу да се зборува, затоа што како што велиме ние во Бразил сега е само време да си ги изедеме сопствените г.мна. Ова е ужасен момент“ – истакна Бразилецот.

Се вчитува...