И со стомачен вирус го запрев Меси, морав да бидам заменет за да одам во тоалет

Репрезентацијата на Бразил во полуфиналето на Копа Америка го совладаа најголемиот ривал Аргентина со 2-0.  И покрај победата одбраната на Бразил имаше големи проблеми да го сопре Меси, а самото тоа го потврди и Маркињос кој вели дека имал големи проблеми со стомачен вирус, но сепак успеал некако да се носи со најдобриот фудбалер на денешницата.

„Не беше лесно. Меси беше инспириран за игра. Тој е неверојатен. Мени ми беше посебно тешко бидејќи играв со стомачен вирус. Денот пред натпреварот го поминав во хотелот бидејќи имав проблеми со стомакот, често го посетував тоалетот. И покрај проблемите дадов максимум на натпреварот и го чував Меси најдобро што можев. Сепак, на крајот морав да бидам заменет и брзо да се упатам кон тоалетот на стадионот“, вели Маркињос. 

Во големото финале Бразил ќе игра со Перу, кој изненадувачки го елиминираше актуелниот шампион, репрезентацијата на Чиле.

 

Се вчитува...