Маркињос за Меси пред дуелот со Реал: Очекувам „магија“ од Лео, тој е играч за големи натпревари

„Светците“ вечерва ќе бидат домаќини на Реал Мадрид во рамки на осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите. Дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос пред вечерашниот натпревар ги откри своите очекувања за играта на првата ѕвезда во тимот, Лионел Меси, па потенцираше дека Аргентинецот е роден за големи натпревари и очекува одлична игра од Лео.

Маркињос истакна дека Меси се соочува со големи промени во животот по доаѓањето во Париз. Тој потенцираше дека на Лео му требал подолг период на адаптација, но сега е мирен, па се навикнува на Франција, Лига 1, секако и на ПСЖ.

„Се надевам дека вечерва Меси ќе има одличен натпревар. Тој е играч за големи натпревари, очекувам ‘магија’. Лео е фудбалер кој има одиграно најмногу дуели против Реал, па нема сомнение дека очекувам голем придонес од него. Мислам дека ќе биде ефективен како и во дресот на Барса, очекувам да му помогне на тимот да победи“, изјави Маркињос.

Се вчитува...