Марко Џампаоло нов тренер на Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан го доведе наследникот на Џенаро Гатузо. Тоа е Марко Џампаоло, кој во следните три години ќе биде тренер на „росонерите“.

Џампаоло изминатите три сезони беше на кормилото на Сампдорија, а претходно има работено во Емполи, Кремонезе, Бреша. Сега доаѓа во голем клуб и ќе треба да докаже дека е квалитет за највисоки дострели во Серија А.

Новиот раководен тандем Паоло Малдини – Звонимир Бобан во наредниот период ќе треба да обезбеди и неколку нови засилувања за составот на Марко Џампаоло.

Се вчитува...