Марко Ѓорѓиевски донесе важна победа за Вождовац

Младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски продолжува со одличните игри за Вождовац во најсилниот српски шампионат, постигнувајќи го својот втор погодок, овој пат за победа од 1-2 на гостувањето против Јавор.

Ѓорѓиевски во игра влезе во 58. минута од натпреварот, при резултат од 1-1, и веќе во следната минути стрелаше за триумф на својот тим.

Вождовац по 20 кола е на шестата позиција на табелата со 35 бода.

Се вчитува...