Марко Ѓорѓиевски: Мора да дадеме се од себе, Шкупи мора до победа во Кавадарци

Лидерот Шкупи гостува на Тиквеш во денешното 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Јасно е дека чаирчани ја носат фаворитската улога пред денешната пресметка, но кавадарчани сега предводени од Влатко Костов изминативе натпревари посочија дека повеќе од сериозно се впуштаат во битката за прволигашки опстанок.

Токму поради тоа, и тоа како неизвесен меч денеска во Кавадарци за кој е свесен и младиот офанзивец на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски кој изминатиов период имаше одличен настап за младата репрезентација на Македонија, постигнувајќи два гола на дуелите против Фарските острови и против Ерменија.

„Не очекува исклучително важен меч против Тиквеш, поради што мора да бидеме целосно фокусирани. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас за да успееме да дојдеме до зацртаните цели. Шкупи на секој натпревар оди на победа, па така ќе биде и сега. Едноставно мора да дадеме максимум за себе, за тимот и за навивачите“ – вели Ѓорѓиевски.

ПМФЛ – 10. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Штип: БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1

Се вчитува...