Марко Грујиќ: Имате квалитет да се надигрувате и со Португалија

ЕКИПА во Бидгошч,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Македонија и Србија одиграа реми исполнето со голови (2-2) во Бидгошч, а фудбалерот на Ливерпул, Марко Грујиќ, еден од најдобрите фудбалери на нашиот северен сосед, во манир на голем спортист, призна дека момците на Благоја Милевски сосема заслужено се наоѓаат на самитот на најдобрите европски селекции.

Убав натпревар, исполнет, со многу шанси, голови. Можеа да победат, но и да загубат и двете селекции. Македонија покажа дека не е случајно на ЕП во Полска. Ние исто така одигравме добро, но и со одредени осцилации во текот на натпреварот. Одиме понатаму, ние со Шпанија, Македонците со Португалија. Мислам дека имате убава шанса да се надигрувате и со Португалија. Имате несомнен квалитет“, изјави Марко Грујиќ

Се вчитува...