НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА РК АЛКАЛОИД, ПРЕДВОДНИЦИТЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ – МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ.
Разговори за тоа од каде љубовта кон ракометот, за амбиците со РК Алкалоид во исклучително квалитетната македонска лига, но и на европската сцена… За титулата на Алкалоид во ЕХФ Купот и пресметката со грчки АЕК… За тоа што може да очекуваме од Македонија на новото светско првенство…!
============================================
Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди
=============================================
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Од каде љубовта кон ракометот… Како Галевски се одлучи да биде голман!?
- Како дојде трансферот во РК Алкалоид и за двајцата!?
- За тоа како е да се работи со ракометна големина како Кире Лазаров!
- Предводници на својата генерација уште од младинските селекции на Македонија.
- Марко Митев беше пред реализација на сериозен трансфер, но повредата препрека на тој пат !?
- Иван Галевски за онаа европска титула на Алкалоид, но и феноменалниот натпревар против АЕК во Атина во финалето кога со неверојатните интервенции ги „збудале“ Грците!
- Каква е соработката со поискусните ракометари во македонската репрезентација!?
- Галевски за својот ракометен идол Ландин…!
- Што може да очекуваме од новата сезона во македонскиот шампионат? Македонската лига никогаш не била посилно, со четири максимално израмнети екипи во битка за трофејот!
- Во јануари 2027 Македонија ја очекува уште едно светско првенство. Што може да очекуваме од истото!?
ГЛЕДАЈТЕ ГО ПОДКАСТОТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ ТУКА…
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
