Марко Одермат најдобар на домашниот велеслалом во Аделбоден

Домашниот натпреварувачи Марко Одермат стигна до убедлива победа на велеслаломот од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција кој денеска се возеше во швајцарскиот ски-центар Аделбоден.

Одермат до победата стигна со вкупно време од 2:34.45 минути што беше за 48 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Мануел Фелер од Австрија. Подиумот го надополни Французинот, Алексис Пантуро кој доцнеше 54 стотинки зад времето на победникот.

Утре во Аделбоден е закажана слаломската трка.

Се вчитува...