Марко Ројс се надева дека ќе игра на реваншот против ПСЖ во ЛШ

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, се надева дека ќе успее да се опорави навреме за да влезе во составот на „милионерите“ за реванш мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Германскиот тим по првиот меч обезбеди предност од 2-1, со двата гола на Ерлинг Халанд.

Ројс го повреди бутниот мускул на почетокот на февруари, на куп-натпреварот против Вердер. Борусија Дортмунд беше елиминирана од куп-натпреварувањето, а го загуби и офанзивецот. Според проценките, тој треба да почне со лесни тренинзи на почетокот на март и се надева дека ќе биде подготвен за настап на реваншот против ПСЖ кој е закажан за 11.март на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...