Марко Шварц најдобар на машката комбинација на СП во алпско скијање

Марко Шварц е победник на машката комбинација на Светското првенство во алпско скијање, која се возеше во италијанскиот ски-центар Кортина Д’ампецо.

Австриецот до победата стигна со вкупно време 2:05.86 минути, што беше за само четири стотинки подобро од второпласираниот Французин, Алексис Пантуро. Третото место му припадна на Лоик Мелард од Швајцарија кој доцнеше секунда и 12 стотинки зад победничкото време.

Денеска во Кортина Д’ампецо се возеше и женската комбинација во која со златото се закити Американката Микаела Шифрин.

Се вчитува...