Марко Симоновски стрелец за Сепси

Македонскиот фудбалски интернационалец Марко Симоновски почна да стрела и во новата сезона од романскиот шампионат. Тој донесе бод за својот тим Сепси на гостувањето против Астра (1-1) откако ја погоди противничката мрежа во 61.минута од мечот.

Симоновски влезе во игра како резерва во 53.минута и само осум минути подоцна ја искористи шансата за да постигне израмнувачки погодок.

Се вчитува...