Марко Симоновски во преговори со Работнички

Убедливиот пораз и катастрофалната игра од МЗТ Скопје го принуди раководството на Работнички повторно да се активира во преговори за нови кошаркари. Високо на листата со желби на тренерот Мираковски се наоѓа Марко Симоновски, одличниот шутер кој е слободен за трансфер откако минатата седмица ја прекина соработката со МЗТ Скопје.

Македонскиот репрезентативец е желба на неколку прволигаши во нашата земја, но „центарци“ се оптимисти дека ќе успеат да го убедат Симоновски да се врати назад во „Градски парк“. Нема сомнеж дека со неговиот ангажман Работнички ќе добие уште повеќе на квалитет, адут со кој многу посериозно најтрофејниот клуб би влегол во трката за највисок пласман.

Приоритет за актуелниот вицешампион е и ангажман на нов плејмејкер од странство, преговори што исто така се во тек и ќе бидат финиширани во блиска иднина.

Се вчитува...