Шпанскиот великан Атлетико Мадрид е заинтересиран за фудбалерот на Пари Сен Жермен и италијански репрезентативец Марко Верати, пренесуваат медиумите од оваа земја.
Атлетико имал три потенцијални имиња на списокот за засилување на позицијата централен фудбалер за врска, Верати, Софијан Амрабат од Фиорентина и Пјер-Емили Хојбјерг од Тотнем, но изборот на крај паднал да се купи италијанскиот репрезентативец.
Актуелниот договор на Верати со ПСЖ е до 2025 година, но по заминувањето на Лионел Меси од „Паркот на принцовите“ и тој сака да замине што побрзо од главниот град на Франција.
Цезар Азпиликуета, Хави Гаитан и Чаглар Сојунчу веќе официјално се нови членови на мадриѓаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА