Марко Вујин потпиша за првиот ривал на Работник во ЛШ

Екипата на Спортинг Лисабон ќе дојде сериозно засилена во Битола, за дуелот со Работник во првото коло од Лигата на шампионите откако португалскиот вицепрвак потпиша договор со Марко Вујин.

Српскиот ветеран мина долги години во дресот на Кил, а откако летово си замина од таборот на „зебрите“ одби неколку интересни понуди од Бундес-лигата. На крајот тој го прифати предизвикот да се пресели во Спортинг и со овој тим да ја нападне титулата во Португалија, а воедно и да се обиде да дотурка што повеќе со овој тим во Лигата на шампионите.

Само за потсетување, Спортинг летово за тренер го именуваше Французинот Тјери Анти, кој пред две сезони со Нант на Кире Лазаров стигна до финалето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...