Маркос Алонсо на „Стемфорд бриџ“ до 2023 година

Англискиот премиерлигаш Челси го продолжи договорот со шпанскиот интернационалец Маркос Алонсо до 2023 година. Тој доби подобри услови од досегашните и се согласи на соработка во наредните пет сезони. Претходниот договор на левиот страничен играч имаше важност до 2021 година.

„Среќен сум што играм во еден од најдобрите тимови во светот. Зад мене се две одлични сезони во Челси и со нетрпение го очекувам продолжението на оваа авантура“, изјави Маркос Алонсо за официјалниот сајт на клубот.

Шпанецо оваа сезона одигра девет натпревари за Челси во Премиер – лигата, постигна еден гол и забележа две асистенции.

 

Се вчитува...