Интер и Барса чекаат одговор од Челси

Маркос Алонсо беше во преден план на позицијата лев бек по доаѓањето на Томас Тухел на клупата на Челси, но Шпанецот бргу го загуби местото помеѓу почетните единаесетмина, а него го наследи Бен Чилвел. Шпанскиот интернационалец во текот на сезоната добиваше повеќе минутажа во Куп натпреварувањата, но и покрај тоа привлече огромен интерес од европските гиганти Интер и Барселона.

Алонсо беше голема желба на Антонио Конте додека италијанскиот стратег беше на клупата на Интер, а интересот продолжи и со превземањето на клупата од страна на Симоне Инзаги. 30-годишникот е желба и на Барселона, но со трансфер во редовите на каталонскиот тим, Шпанецот повторно не би ја добил посакувната минутажа пред Алба.

Но, ниту Челси не е подготвен да го пушти левиот бек да замине од „Стемфорд Бриџ“. И покрај тоа што е во втор план, Тухел за следната сезона сериозно смета за услугите на Алонсо, пишуваат англиските медиуми. Договорот на Шпанецот со лондонскиот тим истекува на крајот на 2023 година, па неговото заминување ќе се случи само доколку заинтересираните клубови понудат вистинско богатство за неговите услуги.

Се вчитува...