Маркос Багдатис, тренер на Свитолина

Само неколку месеци откако објави дека става крај на „блескавата“ тениска кариера, Маркос Багдатис влегува во тренерските води. Кипранецот ќе биде дел од стручниот штаб на украинската тенисерка Елина Свитолина.

„Со задоволство ве информирам дека почнува ново поглавје во мојот живот. Ќе работам како тренер на шестата тенисерка во светот, Елина Свитолина. Сакам да и заблагодарам на довербата која ми ја даде“, порача Багдатис. 

Багдатис кариерата ја заврши со поразот од Италијанецот Матео Беретини во второто коло на Вимблдон.

Се вчитува...