Маркос Љоренте купи кревет од 35.000 евра кој го забавува стареењето (ФОТО)

Од светските фудбалски ѕвезди навикнати сме да очекуваме се и сешто, но тоа што го направи ѕвездата на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте до сега не е видено. Именот, одличниот фудбалер купил кревет од 35.000 евра како би го забавил стареењето. По доаѓањето на „Ванда Метрополитано“ од Реал Мадрид, тој е еден од главните фудбалери во клубот, а беше и херој во осминафиналето на ЛШ против актуелниот европски шампион Ливерпул.

Љоренте сака што подолго да биде во топ форма и затоа бара секакви начини како би успеал да ја задржи истата. Веќе некое време тој има посебен начин на исхрана, а сега се одлучи и да издвои 35.000 евра за кревет кој го забавува стареењето.

Се вчитува...