Маркос Љоренте на радарот на Арсенал

Арсенал се надева дека до крајот на трансфер пазарот ќе успее да ги засили редовите со фудбалерот на Реал Мадрид, Маркос Љоренте. Арсен Венгер има помалку од две недели да го реши најголемиот проблем во составот, а тоа е недостигот на фудбалери во средниот ред. Казорла е долго време повреден, а Венгер не може да смета и на Кокелан.

Љоренте минатата сезона беше позајмен на Алавес, настапи на 32 првенствени натпреари, но покрај големата конкуренција во Реал јасно е дека нема да биде во прв план кај Зидан.  Покрај Арсенал, за неговите услуги се интересираат и Севилја и Атлетико, но „јорганџиите“ ќе можат дури во јануари да се надеваат на ангажман на фудбалерот од градскиот ривал.

 

Се вчитува...