Маркоски: Ако сакаме да победиме со Чиле мора да одиграме многу подобро од првите два меча

Македонија денеска против Чиле го игра клучниот натпревар за пласман во втората фаза на Светското првенство во Египет. По првите два натпревари и катастрофалните порази од Шведска и Египет, пикерот на репрезентацијата, Никола Маркоски вели дека мора да одиграат многу подобро, доколку сакаат да го совладаат Чиле и да се квалификуваат во втората фаза од шампионатот.

„Се сретнавме со Чиле пред Светското првенство и добро ги знаеме нивните квалитети. Но, мора да одиграме далеку подобро него во претходните два меча од групата доколку сакаме да се квалификуваме во втората фаза“, изјави Маркоски. 

Натпреварот меѓу Македонија и Чиле е закажан за 15:30, а „црвено-жолтите“ само со победа ќе се квалификуваат во главната фаза од Мундијалот во Египет.

Се вчитува...