Маркоски: Против „лавовите“ може да одлучи само една грешка или невнимание

Фудбалерите на Победа по лесниот триумф над Гостивар во реванш мечот од осминафиналето на Купот на Македонија сега повторно се враќаат на првенствените обврски и дуелот со Македонија ЃП во Скопје во 9. коло од ПМФЛ.

Тренерот Тони Мегленски на куп мечот со Гостивар одмори најголем дел од стандардните првотимци кои се очекува и да го започнат денешниот дуел со „лавовите“…

„Не очекува тежок меч. Ќе биде тоа дуел на два тима со добра дефанзива. Ние играме цврсто и организирано и на гостувањата сме без примен гол, а истото се донесува и на Македонија која на три домашни натпревари е без примен гол. Сигурно ќе биде тврд натпревар кој многу лесно ќе го одлучат грешки-кој ќе направи помалку тој ќе победи. Ги знаеме квалитетите но и лошите страни на ѓорчепетровци. Треба да влеземе максимално мотивирани и со агресивност да ја наметнеме нашата игра. Со претпазливост и максимална дисциплина да ги затвориме сите приоди кон сопствениот гол,а  да чекаме и сигурен сум дека ќе дочекаме шанса да го загрозиме домашниот голман“ – вели фудбалерот од средниот ред, Ристе Маркоски.

Победа за Ѓорче Петров ќе патува во најдобриот состав. Мегленски на располагање ги има сите фудбалери, нема ни казнети ни повредени. На три гостувања досега прилепчани имаат победа над Шкендија 2-0, и нерешени средби 0-0 на гостувањата на Шкупи и Силекс. Македонија пак на домашен терен одигра 0-0 со Шкендија и Беласица, а го победи Работнички со 3-0.

ПМФЛ – 9. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...