Маркоски се враќа и останува во АЕЛ Лимасол

По шест месеци минати на позајмица во редовите на словачкит прволигаш Спартак Трнава, македонскиот репрезентативец Кире Маркоски повторно се враќа во својот клуб АЕЛ Лимасол и дефинитивно во новата сезона останува во кипарскиот прволигаш.

Маркоски имаше одлична полусезона во дресот на Спартак Трнава, па дополнително засилена е одлуката на стручниот штаб на АЕЛ во следната сезона сериозно да се смета на македонскиот офанзивец.

„Не се воопшто спорни квалитетите на Маркоски кој имаше одлична полусезона. Затоа тој се враќа во нашиот клуб и дефинитивно на него ќе се смета во новата сезона затоа што му е неопходен на АЕЛ“ – изјави за кипарските медиуми тренерот на АЕЛ, Босанецот Душан Керкез.

Се вчитува...